Ја спроведува ли СДСМ идејата на Груевски за „парапетче“ на Охридско Езеро? (ФОТО)

Ја реализира ли охридскиот градоначалник идејата на екс премиерот Груевски за изградба на „парапетче“ околу Охридското Езеро?

Според фотографиите објавени од вљубеници во природата, на првата плажа на охридскиот камп Градиште се гради бетонски ѕид кој се наоѓа на брегот каде што почнуваат езерските води.

Според планот на владата и градоначалникот на Охрид од СДСМ но и според препораките на УНЕСКО ако градот сака да биде на листата на светските заштитени градови треба да урне стотици објекти кои го згрозуваат езерото и локалната култура.

Наместо уривање на брегот сега се градат нови објекти.

Идејата на Груевски за изградба на бетонски “Парапетче” околу езерото можеше да се слушне во “бомбите” во разговор меѓу него и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

SHARE