Ја злоупотребија ли Заев и Ципрас Нобелова награда?

Шансата премиерите на Македонија и Грција да ја добијат Нобеловата награда за мир е речиси минимална и за тоа има најмалку две големи причини.

Прво Нобеловиот комитет има практика во старт да ги маргинализира сите номинации кои содржат политички маркетинг со престижната награда.

Најавата на утрешниот настан на универзотетот ФОН на кој Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за добитници на Нобелова награда и политичкиот маркетинг кој што сега се прави од страна на структури во Македонија блиски на премиерот Заев за Нобеловиот комитет е голема грешка.

За членовите на комитетот е јасно дека огромен број на номинации се политички мотивирани со цел на избори номинираните да можат да ги користат номинациите за да влијаат на гласачите.

Втората причина е тоа што годишно во Стокхолм пристигнуваат над 300 номинации, меѓу нив луѓе кои на светот му подариле извонредни голема хумани дела и достигнувања.

За 2018 година имало 331 кандидат за Нобелова награда за мир од кои само десетина влеге во потесна конкуренција да станат лауреати.

Рекордот на број на номинации е направен во 2016 година кога биле кандидирани дури 376 кандидати.

Процесот на номинација завршува во јануари а најрано одлуката се носи до крајот на октомври.

SHARE

14 Коментари

  1. Заев и Ципрас најдоа решение за разликата околу името, што Советот за безбедност на ОН ја имаше квалификувано како опасност по мирните добрососедски односи во регионот. Советот за безбедност, побара од Македонија и Грција, како што стои во Резолуцијата 817, да најдат решение со цел зачувување на мирните добрососедски односи во регионот. Заев и Ципрас го направија тоа. Значи, ако постигнале договор по барање на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, и со тоа ги зачувале мирот и добрососедските односи во регионот на југоисточна Европа, тогаш зошто да не бидат номинирани за Нобелова награда за мир?

      • П.С. Договорот е потпишан од странскиот шпион и еден лудак Димитров, а таквите немаат правна дејство оти не се склучени со здрава памет и чист ум, хахаха! Еден , оди со Димитров во Бардовци!

    • Резолуцијата 817 Е ЛЕГАЛНА само за таквите како Димитров кои се срамат од сопствениот „искомплексиран” народ! За нас кои не сме продадени Резолуцијата 817 НЕ ЛЕГАЛНА!
      СМРТ НА СДС ПРЕДАВНИЦИТЕ!

    • Во рез. 817 нема квалификување како „опасност”, туку се вели “во интерес на мирот и добрите односи во регионот”. Ова 817 нема безбедносен карактер, но нема ниту ограничавање за ерга омнес, па ниту временско ограничавање, па оттаму гледаме дека 817 е не само нелегална, туку и нелогична! А кусо кажано ова рез . е квази-правна рамка за давање можност една држава да постојано да ја УЦЕНУВА ДРУГА ДРЖАВА во ООН! И така и беше, а да немаше и “флексибилност” од Ципрас, уценување би било уште пострашно од некоја друга грчка гаарнитура, која пример би можела да бара и зборот Македонија да не се спомнува во какво било решение!
      ЕДНОСТАВНО: 817 е РАМКА за УЦЕНУВАЊЕ!

  2. Оној момент кога кажа дека народот е искомплексиран и дека се срами од сопствениот народ и се ова го кажа во Собранието на РМ обраќајќи се како Министер за надворешни работи на РМ, тој момент докажа ДЕКА Е ЛУД и НЕПРЕСМЕТЛИВ, и дека не е во психичка состојба да потпише ништо што е правно обврзувачки! ПОНИШТУВАЊЕ ПРЕСПАНСКИОТ, а Димитров и Заев во лудница!

  3. КАКО МОЖЕ ДОГОВОР СО КОЈ СЕ БРИШЕ ЕДЕН НАРОД И НАЦИЈАТА ДА БИДЕ ЛЕГАЛЕН????

    ПА ОДЗОГОРА И КАКО НАГРАДА ЗА ЕДЕН ТАКОВ БЕЗУМЕН ПРЕДАВНИЧКИ ЧИН ДА СЕ ДАДЕ НОБЕЛЛОВАТА НАГРАДА!

    Заев е тежок психијатриски случај и аболиран криминалец, и сега за предавството ке го наградат со Нобел!? СРАМОТА!

  4. Да ли ке ја добијат Нобеловата награда, ке видиме, се сомневам, а што ке се случи со Преспанскиот во Советот за безбедност на ООН исто така ке видиме. Дири Заев и да ги земе доларите од Нобеловата, по враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ истите долари од тнр. награда ке бидат конфискувани. Заев ни една пара нема да види од Нобеловата.

  5. ДВОЈНАТА ФОРМУЛА Е НАЈГОЛЕМА СТАПИЦА, А Е ПРИФАТЕНА ВО МАНУ КОЈА СМЕТАШЕ ДЕКА ПРОБЛЕМОТ КЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ СО ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА! ОВА ЗБОРУВА ЗА КВAЛИТЕТ НА МАНУ И МАКЕДОНСКАТА НАУКА.
    НЕ РАЗБРАЛЕ ДЕКА ВАКОВ ТНР. ПРОБЛЕМ НЕ СЕ РЕШАВА СО НИКАКОВ ДОГОВОР!

Comments are closed.