Еден месец откако ржавата Филипини одлучи дека нема да биде канадска депонија, во канадскиот град е вратен канадски брод со 69 контејнери со цврст отпад – пластични шишиња, електрични апарати и други отпадни материјали како што се пелени – по цели 6 години чекање во едно филипинско пристаниште.

Отпадот бил испратен на Филипините во 2013 година, но не ги задоволил владините еколошки стандарди.

Во мај оваа година, филипинскиот претседател Дутерте конечно нареди да се врати бродот, бидејќи, Канада со години го развлекувала проблемот.

Стравувајќи од можна контаминација, градот Ванкувер најверојатно ќе го изгори отпадот.

Иако ова не е најеколошки начин за справување со отпадот, неговото согорување е многу подобро отколку идејата што ја предложи филипинскиот претседател Родриго Дутерте на канадските власти пред да го врати бродот.

„Јадете го, ако сакате”, рече Дутерте.

SHARE