Адвокат Митровски: Каде гореше за ваква шверцерска објава на законот за јазици

Адвокатот Јанаки Митровски смета дека власта не е сигурна дека ќе победи на изборите и затоа на шверцерски начин е донесен Законот за јазици.

Според Митровски носењето на законот прави голема штета за власта.

“Мандатот на хорхе (Претседателот Иванов) завршува во Април. Веќе во Мај ќе имаме нов претседател.

Каде гореше за да се објави вака, шверцерски и илегално Законот за јазици?

Ова е јасен показател дека власта не е нималку сигурна дека ќе победи на изборите.

Да беа немаше да си прават штета на ваков начин за три месеци”, вели адвокатот.

SHARE