Јанакиески во приватна болница поради проблеми со срцето

Миле Јанакиески од истражниот затвор Шуто Оризари бил пренесен во приватна болница каде што треба да се констатира дали е потребно да биде подложен на оперативен зафат на срца.

Поранешниот министер за транспорт беше во притвор поради неодговорно доделување на државни плацови.

Според неговите адвокати, тој ќе мора да биде опериран, а неофицијално станува збор за проблеми со преткомората на срцето. 

Јанакиески минатата недела имал лекарски преглед, по што било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.