Јане Ченто од затвор: Никогаш нема да застанеме за Македонија

“Македонија е ЖИВА!!!??” порачува правнукот на првиот македонски претседател Јане Ченто од затвор, каде што чека судење за тероризам за настаните од 27 април.

Ченто бара Македонците да не се обесхрабруваат од денешниот пораз.

“Македонија е жива и од мене не бара ни ПОГРЕБ, ни ЖАЛЕЊЕ, ни КЛЕТВИ кон некого, ни ОДМАЗДА кон некого, туку ОСЛОБОДУВАЊЕ И БОРБА ЗА ПОДОБРО УТРО !

Македонија ќе ја огрее сонце и запомнете, ниту еден човек не е поразен доколку во него сѐ уште има храброст, така е и со државата.

Државата е народот, а народот сме ние.

Ако имате сон, треба да го зачувате, а не да се откажувате, лесно е да се откажеме.

Ако сакате нешто, борете се за тоа.

Никогаш нема да застанеме заради тоа што се чувствуваме поразени денеска.

Патувањето до другата страна е достижно само откако ќе искусиме големи страдања.

На никаков погреб не одам, оти мртовец нема.

Грабната мајка од разбојници не треба да ја одмаздуваме, туку да ја ослободиме.

Впрочем, борбата за македонска држава никогаш не запрела.

Нема откажување.

Немојте да се обесхрабрувате.

ЗАПОМНЕТЕ ГО ТОА.

Да живее Република Македонија!!! ??

Смрт за фашизмот – Слобода за СЛОБОДАТА.”, порачува Ченто кој одби амнестија за настаните од 27 април за да докаже низ правна процедура дека патриотизмот и љубовта кон Македонија не е тероризам.

SHARE

Оставете коментар