Јанева до колегите од СЈО: Ако пропаднам јас, ќе пропаднете и вие!

Тензичната атмосфера во Специјалното обвинителство, која кулминирала со денешната наредба на шефицата Катица Јанева да се претресуваат обвинителите на влегување и излегување од СЈО, трае од понеделниккот, дознава Нова ТВ.

Извори од СЈО за Нова велат по враќањето од одмор, Јанева во понеделникот свикала колегиум на обвинителите на кој им се заканила на присутните дека „ако не ме браните, ќе пропаднете сите со мене“.

Јанева цели три часа колку што траел состанокот,  се обидувала да ги убеди дека во случајот „Рекет“ таа е злоупотребена и поради тоа колегите треба да ја поддржат.

Состанокот завршил со расправија кога еден од обвинителите искоментирал дека Јанева ја изневерила довербата на граѓаните со постапките кои ги направила и дека треба да жали поради тоа.

По ова шефицата на СЈО на висок тон се заканила дека сите ќе добијат откази.

„Ако пропаднам јас, ќе пропаднете и вие. Ако треба ќе измислам и работи за вас“, рекла Јанева, тврди извор на Нова.

SHARE