Јанева го обвини Боки 13 дека ја злоупотребил


„ Точно е дека јас како и многу други лица кои во моментов се на различни државни функции се познаваме со лицето Бојан Јовановски. Никогаш не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека заради описот на неговото работно место и на дневна основа комуницира со лицето.

Но, ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност и овластување за евентуално да остварува привилегии или да презема незаконити дејствија“ вели Катицаа Јанева.

Специјалната јавна обвинителка, која една недела по оставката и по „боледувањето“ се одважи да се појави во јавност, на прес конференцијата во СЈО изјави дека не ја злоупотребила должноста која уште ја извршува.

Таа, како што рече разбрала дека „не само лицето Бојан Јовановски, туку и многу други“ без да знае го злоупотребуваат нејзиното  име и презиме за различни цели. и побара низ транспарентна правосудна постапка да да се стави крај на сите неофицијални информации.

Јанева , на прес конференцијата не прифати новинарски прашања.

SHARE