Јанева имала фитнес сала со боксерска вреќа во подрум

И денеска во судот се презентираат материјалните докази за случајот „Рекет“ преку приложување фотографии од одземените предмети од домовите и од канцелариите на Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Од фотографиите направени при претресот во подрумските простории од домот на поранешната обвинителка се гледа дека таа имала мини фитнес сала опремена со лента за трчање, велосипед и боксерска вреќа, пренесе Плусинфо.

SHARE