Јанева избега од новинарите и ги засили шпекулациите за инволвираност во „Рекет“ (ВИДЕО)

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева избега од новинарите по изјавата што ја даде во СЈО и со тоа ги засили шпекулациите дека е инволвирана во случајот Рекет во кој две лица се во затвор а од неа беше одземен телефон.

Во својата изјава Јанева не одговори на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста поврзано со случајот во кој е уапсен нејзиниот пријател Боки 13.

Веднаш по изјавата иако новинарите сакаат да добијат одговори на овие прашања таа без никакво објаснување ја напушти просторијата каде што го држеше пресот.

Предходно таа се пожали на медиумска хајка и најави дека десетте случаи кои што биле подготвени од нејзиниот тим ќе покажеле зошто е цел на напади.

Во својата изјава Јанева рече дека не сака да биде алиби за блокадата во евроинтеграциите и затоа се повлекува.

SHARE