Јанева: Ќе има судење, тогаш ќе се каже сè (ВИДЕО)

Шефицата на СЈО , Катица Јанева не чувствува вина за случајот „Рекет“, а на бројните новинарски прашања на кои одговараше кусо и одрчено рече дека „ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации“, таа рече дека ќе има судење и тогаш ќе се кажат сите работи.

Кој ќе биде обвинет на тоа судење, не кажа.

Јанева негираше дека ѝ биле форматирани (избришани податоците) мобилните телефони. „Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство“.

На прашање дали ќе се виоди ситрага против неа, Јанева ги посоветув а новинарите одговор за тоа да побарат од обвинителката Вилма Русковска.

„Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар“, беше уште еден од одговорите на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот.

На крајот, адвокатот Стева Павлески ја посоветува Јанева дека не е на распит и, да не одговара на новинарски прашања.