Јанева: Ќе ја забрзам истрагата за „Рекет“ (ВИДЕО)

„Се надевам дека со моите аргументи и изјава денеска, ќе ја забрзам истрагата“ изјави денеска шефицата на СЈКО Катица Јанева која во Обвинителството за организиран криминал и пред обвинителката Вилма Русковска е повикана како сведок за случајот „Рекет“.

Таа се појави во друштво на адвокатот Стеван Павлески, „што не кажува дека е повикана со статус на сведок“, констатира порталот СакамДаКажам.

Јанева потсети дека таа се уште е шефица на Специјалното јавно обвинителство, а во врска со предметите кои СЈО ги застапува и се поврзани со прислушуваните разговори, рече дека сите обвинители од СЈО имаат нејзино обвластување да ги застапуваат.

Откако во италијанскиот „Ла Верита“ беше објавена снимка на која се случа како Јанева на бизнисменот ОРце Камчев му вели да не се секира и дека се ке биде ОК, Јанева се очекува да одговори на повеќе прашања околу нејзините контакти со Боки 13 кој е ппритворен од сомнение дека го рекетирал бизнисменот, но и за врските со Камчев за кого таа изјави дека го врбувала да стане соработник и сведок за друг случај.

SHARE