Јанева на распит кај Русковска во вторник!?

И шефицата на СЈО, Катица Јанева доби покана за распит во Јавното обвинителство за криминалната афера „Рекет“.

На снимките што ги објави „Ла верита“ се случа гласот на Јанева која преку интерфон комуницира со Бојан Јовановски – Боки 13 и со бизнисменот Орце Камчев околу неговото ослободување од притвор.

Неофицијално Јанева ќе се соочи со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која досега беше на одмор, во вторник. Покрај другите сослушани досега и Јанева денеска добила покана како сведок, одзнава „Денешен“.