Јанева на Стефанова: „Оро*пијо и го*нарке!“

Пo денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова вио случајот „Рекет“, кога таа беше на заминување, судијката Васка Николовска Масевска ја предупреди обвинетата Катица Јанева да не дофрлува од место, бидејќи ќе биде отстранета.

Но, Јанева почна да вика: „Оро*пијо и го*нарке!“

„Надвор, изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.

На излегување, Јанева дојде кај новинарите, застана неколку секунди и рече:

„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева, пренесе „Инфмакс“.

Судењето завршува без Јанева.

SHARE