Јанева спроведена на судењето за „Рекет“


Поранешната шефица на СЈО претпладнево со полициско возило од куќен притвор беше спроведена во Кривичниот суд во Скопје, каде што се очекува да почне судењето за случајот „Рекет“. 

Катица Јанева, една од тројцата обвинети во овој случај, е обвинета за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Покрај неа првообвинет во „Рекет“ и тоа за две кривични дела е Бојан Јовановски – Боки 13 „Примање награда за противзаконито влијание“ за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар – „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Третообвинетиот Игор Милески-Кичеец е обвинет за „Примање награда за противзаконско влијание“.

SHARE