Јаневска и Дурловски со “Заветна” на Бафтировски: Македонија пак ќе се слави (ВИДЕО)

Андријана Јаневска и Игор Дурловски го честитаат празникот на независноста на Република Македонија со преработка на легендарната песна на браќата Барбаровски што прв ја изведуваше Пепи Бафтировски.

“Предвечерие на 8ми септември.
Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш”, порача Игор Дурловски.

И неговата колешка Андријана Јаневска со традиционалната честитка: “Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!”

Стиховите на песната Заветна се сметаат за најсилен опис на премрежијата со кои се соочува Македонија во целата своја историја а во исто време како да се напишани денес.

ЗАВЕТНА
Андријана Јаневска и Игор Дурловски
Музика: Миле Барбаровски
Текст: Ѓорѓи Барбаровски
Аранжман: Андријана Јаневска
Студио: Гиновски
Прва изведба: Пепи Бафтировски – 1991 г.
Оригинален аранжман: Миле Барбаровски

Негде ќе те премолчат
негде ќе те сокријат
гроб со гроба ќе покријат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
така е пишано, ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.
Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
Така е пишано, сестро
ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.

Може да те одречат
други да те предадат
можат сешто да измислат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни…

Линк до видеото

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10156937336504790&id=777154789

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2856746847677207&id=100000257599726&sfnsn=mo&s=1317270620&vh=i

SHARE