Јаневски фаворит за нов селектор на Зимбабве

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски, е најзвучното име меѓу кандидатите за нов „изборник“ на Зимбабве.

Некогашниот член на шампионскиот тим на Вардар во СФРЈ во сезоната 1986/87 со своето тренерско педигре е во предност во однос на другите двајца странци, Португалецот Ваз Пинто и Белгиецот Жан Франсоа Лошуто, пишуваат локалните медиуми.

„Воините“ од Зимбабве не ја поминаа групата на неодамнешниот Куп на африканските нации во Египет, а во првата половина од септември ги очекува двомечот со Сомалија во претквалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Јаневски ја водеше Македонија на 13 натпревари од август 2012 до септември 2013 година и ја остави скор од пет победи, едно реми и шест порази за да го преземе белгиски Мон.

Покрај во Бриж, со кој го освои Купот на Белгија, некогашниот центархалф седеше на клупата и на Црвена звезда, белгиските Мускрон, Гент, Беверен, како и на Вардар, а последен ангажман до април годинава му беше во египетскиот премиерлигаш Исмаили.

SHARE