„Мислите дека некој од оние што го кршеа и фарбаа градот имаа појма што значи „правда“, кога ја извикуваа по улиците. Мислите дека некој од нив имаше претстава како ќе се испорача и кој може да го стори тоа. Или беше само имагиниран концепт за манипулација во процесот на борба за власт. Игнорирани и понижени станувате лесен плен на политичките предатори, пипшува професор Звонимир јанкуловски во колумна за „Нетпрес“.

Денес од оваа перспектива се е кристално јасно.

Македонската „шарена правда“ беше политички мотивирана и хранета од гнев, омраза, алчност, страв, недоверба, фрустрации и љубомора; концепти што генерално се сметаат за „зло“. Правдата што беше побарана кај нас не беше замислена рамнотежа преку која луѓето се обидуваат да ги оправдаат огорчените емоции на лутина и желба за одмазда. Таа не беше одмазда на просветен човек. Тоа беше повик за линч. Чиста и брутална одмазда. Позната во правото како lex talionis-око за око, заб за заб.

Не можете да го осудувате оној што не знае. Господ толку му дал“ пишува професорот и додава:

„Но, кога незнаењето е во сојуз со политиката и власта, го креирате вистинскиот непријател што може да го има правдата. Стварно некој помисли дека необразовани и неписмени правници ќе бидат способни да ја испорачаат правдата во општеството.

Онаа ‘шарената’“, пишува проф.Јанкуловски.

Колумната на следниот ЛИНК