Јанша потврди: По повикот на Мицкоски испративме помош

Словенечкиот премиер Јанез Јанша потврди дека по телефонскиот разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагирал и од Словенија во Македонија неделава пеше испратена помош во заштитни маски и ракавици.

Донацијата во вредност од 110.000 евра министерот за внатрешни Наќе Чулев на скопскиот аеродром.

„Веднаш по разговорот со Христијан Мицкоски во кој ја извести Владата на Р. Словенија за сериозната ситуација во Македонија во врска со коронавирусот, го поврзавме Министерството за одбрана на Словенија со Министерството за внатрешни работи на Македонија за да испратиме помош на пријателската држава.

Истовремено јас лично им се јавив на неколку лидери од ЕУ, да ги потсетам да не заборават на државите од Западниот Балкан“, пишува словенечкиот премиер, Јанез Јанша на Твитер.

SHARE