Јапонија oдбележа 75-годишнината од атомското бомбардирање на пристанишниот град Нагасаки во 1945 .

Церемонијата со минута молчење се одржа во 11:02 часот по локално време , моментот кога бомбата го разори градот.

Нападот врз Нагасаки се случи само три дена откако САД го спроведоа првиот атомски напад врз Хирошима.

Бомбата што ја зафати Нагасаки, позната како „Fat man“Фат Ман, го уништи поголемиот дел од градот и уби десетици илјади луѓе. Околу 74.000 луѓе загинаа од бомбардирањето и неговите последици од крајот на 1945 година.

Многу преживеани развиле карцином и други болести од последици на радиоактивно зрачење.

Шест дена по бомбардирањето во Нагасаки, Јапонија потпиша капитуалација со што и официјално заврши Втората светска војна.

SHARE