Јапонскиот премиер поднесува оставка

Јапонскиот премиер Шинзо Абе најави оставка по неколкудневните шпекулации за неговата здравствена состојба.

Јавниот сервис претходно објави дека Абе, кој со години се бори со форма на воспаление на цревата, не сака да ѝ прави проблеми на владата со влошеното здравје.

Абе е премиер со најдолг стаж во историјата на Јапонија.

Тој првпат ја презеде функцијата премиер во 2006 година како најмлад премиер во јапонската повоена историја, но само една година по стапувањето на функцијата, притиснат од политички скандали, тој реши да поднесе оставка.

Пет години по оставката, во 2009 година, Абе се врати на власт со неговата конзервативна Либерално-демократска партија,и започна програма за економска консолидација насочена кон надминување на постојаната дефлација, заживување на економскиот раст и спроведување структурни реформи во подобра Јапонија се бореше со опаѓање на населението и стареење нација.

Трет мандат доби во ноември 2019 година но неговата популарност значително се намали заради управувањето со епидемијата „Ковид-19“ .

SHARE