Јасна Котеска: Дури и Ципрас стигна да ни се смее

Професорката Јасна Котевска со свој коментар за последните собитија во контекст на името.

Таа му предлага на премиерот Заев како симбол на европеизација на земјата да ја симне оградата околу Владата за која власта додека беше во опозиција ја критикуваше ВМРО – ДПМНЕ.

„Каков малецок политички и географски делириум сме, какво семејно племе, приватна афера, евтини, банални и со грандиозни идеи.

Симни бар за почеток оградата. Направи бар некоја европска идеја.

Ама јок. Дури и Ципрас стигна да ни се смее.

Нема везе. Што рековте јадевте денес?“, пишува добитничката на наградата за најдобра научна книва во 2017 година.

Јасна Котеска е ќерка на писателот Јован Котески кој што во времето на социјализмот лежеше в затвор за идеите за Независна Македонија откако бил искодошен од негови колеги и наводни пријатели.