Јоци до ЈО: Прекинете ја циркузијадава со Катица

Денешното ненадејно појавување на Катиц Јанева во СЈО и строго контролираната прес конференција, веднаш наиде на отворени критики: „Дојде прочита и ја кидна“ констатира новинарот Ивор Мицковски.

„Катица Јанева во СЈО пристигнала со службено возило, и тоа само кажува дека таа има намера докрај да ги користи привилегиите и моќта.
Одземени и’ се 2 мобилни, не е повикана на никаков ебен разговор за ,,Рекет”, иако ЈО информираше дека ја слушале како разговара на интерфон со осомничен што ја инволвира во ,,Рекет”, нема никакви мерки против неа, не и’ е одземен пасош.
Не е осомничена, не е покренато обвинение.

ЈО конечно нека ја прекине оваа фарса, циркузијада, играрија за мали деца со мобилни и нека каже колку и дали е инволвирана Јанева во ,,Рекет”, апелира новинарската Јорданка Ивановска – Јоци.

Па, не може , бе, луѓе да зборува на интерфон со Камчев во присуство на второосомничен, што е врвно прекршување на професионална етика, а сигурно не разменувала рецепти, а денеска да ја гледаме како уште користи службено возило и државни привилегии !

Јавноста ја плаќа Јанева речиси 3.000 евра месечно и има право, сега, овде, денеска, да знае што правела оваа жена додека сите мислевме дека ќе се бори со криминал и ќе донесе правда !

SHARE