Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци го коментира обидот на Петре Шилегов духовито да одговори на критиките од поранешниот премиер Никола Груевски, обраќајќи му се на скопскиот градоначалник.

„Овој тон, ко рефрен од ибарска магистрала, ‘Пливај мали, ауу Маџарска нема море’, и тоа во работно време, доаѓа од градоначалник на метропола со речиси милион жители кои фреквентираат во него. И кои во моментов се заглавени во сообраќен метеж низ цел град.

И кои очекуваат да си го запоти задникот барем 2 години до крај на мандат, и да почне да реализира проекти од програма, ради и кои доби доверба, а не да пишува статусчиња по фејсбуци и да си го ‘мери’ со Груевски.

Иначе, оргазмично возбудениот Петре, во статусов, ‘заборавил’ да ги информира скопјани дека Скопје е ‘смарт сити’ уште од време на Коце, кога се изгради Центарот за управување и контрола на сообраќај (ЦУКС), се воведе електронска наплата во јавен превоз, ГПС следење на бусови, дигитални табли на постојки, мрежно поврзување на семафори и нивна контрола од еден центар…

А, и во градов одамна се менуваат натриумски со лед светилки, ко поштедливи.
Не, стварно, Петре, шо има паметно во ЛЕД светилка, па што ја вбројуваш во ‘смарт сити’?

Зоќе, чувај си го Петре. 
До избори. Баш ваков, баш со оваа музика“, напиша Јоци на Фејсбук.

SHARE