Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци ги анализира релативизаторите на социјалните мрежи, кои се обидуваат да ја намалат штетата од скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев.

„Али од сè собрано на куп, пренајсмешни се оние кои останаа да го бранат Зоќе, и тоа од него самиот. 
Не знаат више шо да напишат – ‘ама премиерот не мислеше така, има сунчаница… он е на леб и вода, греота е, сфатете го… ВМРО му пушта антракс во водата, па антраксот збори уместо него…’

Ни по дома не ги читаат.

Грујо на времето не го бранеа неговине по медиуми, се одлучија за тврда цензура, за насловни со Баба Ванѓа и пропаст на светот, тураа шеми од вилерови гоблени, рецепти за попуштено бабуле, за простата, за белосветски ‘чуда’, т.е. светци кои се појавуваа на јабука док е полна месечина… игнорираа проблем. Демек, не постои.
Овие, на Зоќе, теееешки цепаници.

О Ч А Ј !
Катаклизма !“, напиша Јоци на Фејсбук.

SHARE