Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци со саркастичен коментар на Фејсбук за дремката на заменикот-министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на седница на собраниска комисија, овековечена од телевизија Телма.

„Тоа е таа волшебна кондиција и функционалност. На ниво на задача.
Папсал по година и пол власт. А, со прст не мрдна. Добро, стварно, се прошета до Швицарска. На конференција за загадување и заспа.

За 6 месеци ќе го будат со витамински инфузии среде седници, Ред бул, сатива, кока, чили пиперки“, прокоментира Јоци за вториот еколог во државава, кој деновиве по службена должност е на првата линија во борбата со загадениот воздух.