Јонуз: Кец за пи-арот за прославата на „Школка“

„…Ко прво, на еден таков ден, да не беа оние ‘‘кои мораат‘‘ ќе беше двојца без тројца. Деца у колички со млади баби и се помлади мајки (ало бе кај отиде светот), а за оние што знаат да најдат ‘‘дупка за подјебавање‘‘ ќе подвлечам дека најсимптоматично у паркот беше тоа што беше ‘‘ред дрво, ред пандур‘‘. А, од она што се вика сериозно одбележување, мојата најсериозна забелешка е што владата не одделила некој денар да дели знаменца на Македонија, па на децата да им дели да си мафтаат,.. да се знае дека таа гужва не е ‘‘из чиста мира‘‘, него се работи за држава бе алоо! Американците да може ќе ја стават заставата и на тоалет папир!“, пишува Агим Јонуиз, во колумна за „Слободен печат“.

‘‘КЕЦ ‘‘ ЗА ПР СЛУЖБАТА НА ВЛАДАТА!  ПР- от не е само јадење бурек по портали! Наука е тоа! А бе камо бајрачиња, флаери, балони, маици ‘‘МАЌЕДОЊАА‘‘, ку„чеви карики!?

(…)

Да се разбереме. Нешто многу симптоматично се проткајува во нашето политичко секојдневие. Откако институционално довербата кон државата и самото сиромашно чувство за државност преживува тешка диареја, тоа ПР – експертите ко да ‘‘баш ги заболе‘‘. Тие сметаат дека е доволно да му напишат некој говор на премиерот, да го ‘‘советуваат‘‘ дали да дае изјава или не и на крајот на денот да закољат некој грант за агенциите кои ги претставуваат. А БЕ КАДЕ Е ‘‘ДРЖАВНИОТ‘‘ МАРКЕТИНГ!  Па денеска Градскиот парк требаше да биде прешаран со знамиња, со налепници, со маици, со бесплатна ладна вода, со црвено жолти балончиња за дечињата! Па така се всадува свест на државност! Децата памтат шарени балони…

Колумната на Агим Јонуз на следниот ЛИНК

SHARE