Мене веќе ми се смачи од политичари кои во Бугарија наутро зборуваат едно, а попладне спротивното. Пример за тоа е токму со Красимир Каракачанов, кој во јуни изјави дека „ја признавме земјата со тоа име, го признавме и македонскиот јазик“, изјави утрово за bTV  поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов.

Изјавата на министерот Красимир Каракачанов, кој се закани дека ќе ја блокира Македонија во ЕУ и НАТО, ако премиерот Зоран Заев продолжува да тврди дека има македонски јазик ги подигна тензиите на релација Софија Скопје.

Заев се обиде да ги намали тензиите, бранејќи ги договорите што Македонија ги склучила со Бугарија и Грција.

„Каракачанов на 16 септември беше во посета на Скопје, како министер за одбрана и таму тој допушти неговиот говор да се преведува на македонски јазик“ потсетува  Александар Јорданов кој смета дека Каракачанов прави обид да се наметне како како партиски лидер (на ВМРО-БНД), заборавајќи дека тој е вицепремиер на држава и министер за одбрана, кој кренал рака и гласал за овој бугарско-македонски договор.

„И најмалку на него му личи да се прави на изненаден од тоа што овој договор претпоставува различно толкување во двете земји “,вели поранешниот амбасадор.

Јорданов вели дека со тоа тој ги поддржува тезите дека Москва преку Каракачанов го попречува членството на Македонија во ЕУ, како и дека на тој начин воениот ни работи се обидува да го насочи вниманието на друго место поради скандалите околу ВМРО …

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.