Јотова: Берлинскиот конгрес го раздели нашиот народ!

„…Уплашени од преродбата на бугарска држава, големите сили отцепија дел од нашата земја, истераа илјадници луѓе далеку од родните домови. Но, го потценија народот (…) Пред 115 години хероите на Илинденско-преображенското востание беа подготвени да го жртвуваат својот живот за слободата која ја допреа, но брзо им беше одземена“, порачала потспрестедателката на Бугарија, Илијана Јотова, вчера пред споменикот на Даме Груев во селото Смилево.

Јотова присуствуваше на одбележувањето на, како што соопштија од нејзиниот кабинет, 115-годишнината од „Илинденско-преображенското востание“, кое, според нејзини зборови, било „рангирано во бесмртната историска хроника на Бугарија, во пантеонот на ликовите на еден народ со славно минато, творец на третата христијанска цивилизација – словенската, подготвен да се бори за својата слобода и обединување до последната капка крв“.

Во пораката до насобраните пред споменикот Јотова истакнала дека Бугарија е најдобриот застапник на Република Македонија во ЕУ.

„Другите европски земји можат да разговараат за Западен Балкан, но секој од нив и од сопствен интерес. За Бугарија важни се луѓето и нивниот просперитет. Бугарија ќе продолжи да работи за луѓето од двете страни на границата, за заедничките проекти и нашата заедничка иднина“, рекла Јотова, како што пренесуваат денеска бугарски медиуми.