Ако е историски факт е дека македонскиот јазик е кодифициран, односно официјално озаконет во 1945 година, дали значи дека во периодот пред таа година не се зборувал македонскиот јазик, е едно од прашањата на кои одговара, Елена Јованова – Грујовска, директорката на Инстутутот за македонски јазик во неделното интервју на Радио Слободна Европа.?

„Како не се зборувал македонскиот јазик? Еве сега да земеме неколку примери.

Бели Мугри од Кочо Рацин објавена 1939 година. Тој јазик е толку близу до денешниот стандарден јазик со мали примеси од велешкиот, меѓутоа е многу близу до литературниот јазик, тоа е речиси литературен јазик во книга од 1939 година. Потоа имаме во 1940 и 1941 – Молскавица и Пеш по светот од Коле Неделковски. Па зошто фашистите го фрлија од зградата Коле Неделковски, затоа што не сакал да се откаже од својот мајчин јазик и од идејата да твори на мајчин македонски јазик.

Сакам да кажам, јазикот постоелм вели Јованова-Грујовска.

И не само тоа, ако ги земеме книгите од цел 19 век, почетокот на 20 век, значи тука имаме примена, употреба на македонскиот јазик. Имаме одлични драми напишани меѓу двете светски војни. Претходно, во 19 век, имаме речници на повеќе јазици, на Ѓоргија Пулески, четиријазичникот на Данаил. Тоа се луѓе кои кажувале овде во Македонија, на овој простор, на нашите луѓе освен македонски им треба да ги знаат и другите јазици за да може да функционира еснафот, трговијата. И сега што се случува? Тие прават речници на четири јазика, на три јазика, заедно со македонскиот, тука е албанскиот, турскиот, влашкиот, грчкиот јазик, за да се покаже различноста на јазиците, од друга страна и потребата за заемно разбирање и за соживот.

SHARE