Бранимир Јовановиќ, финансиски  експерт и советник на екс-министерот за финансии, Драган Тевдовски, смета дека мерката за субвенционирање на порастот на платите ( „простување“ на давачките кон државата за делот од золемување на платите до 100 евра) ќе чини многу повеќе од најавените 40 милиони евра. Но, не е само тоа…

„Мерката за субвенционирање на растот на платите има смисла само ако:

1. Се однесува на плати пониски од одредено ниво, на пример, плати пониски од средната плата (зошто државата да субвенционира ако некој менаџер со плата од неколку илјади евра си ја зголеми платата?);

2. Се однесува на фирми што немаат висока профитабилност (зошто државата да субвенционира плати на некоја банка која остварува профити од десетици милиони евра?);

3. Фирмите се обврзани да не ги намалуваат платите и по завршувањето на субвенцијата (без тоа, платите ќе паднат веднаш по истекот на субвенцијата, и ништо не се постигнало);

4. Е последица на значајно зголемување на минималната плата (без тоа, се сведува на ослободување на фирмите од даноци, како што правеше Груевски).

И, не, мерката нема да чини 40 милиони евра. Мерката ќе чини 120 милиони евра, зашто ќе трае 3 години. Стварно сме многу богати штом можеме да си дозволиме да дадеме 120 милиони евра на вакво нешто…“предупредува Јовановиќ.

SHARE