„За кого работи Регулаторна комисија за енергетика, дали работи за монополските компании или работи за граѓаните и за општиот јавен интерес. Тоа треба да се запрашаме“ вели економскиот експерт Бранимир Јовановиќ според кој не е точно дека имаме имаме најевтина струја во Европа како што образложи првиот човек на Регулаторна.

„Тоа апсолутно не е точно, затоа што треба да ја гледате цената на струјата сразмерно со примањата на луѓето. Ние исто така имаме и најевтина плата во Европа, просечната плата е 400 евра месечно, така што ако ја споредите колку е цената на струјата кај нас со платата во нашата држава, ние имаме една од најскапите струи во Европа“.

Јовановиќ вели дека во услови на криза покачувањето на струја не е добар потег и се надева дека ќе се повлече одлуката донесена од техничка влада и пред државен празник.

Јас не памтам вакво покачување на цена на струја, 7,4 проценти воопшто не е малку.“, рече Јовановиќ.

SHARE