Јовановиќ: Сивата економија пак ќе процвета


Поранешниот советник во министерство за финансии, Бранимир Јовановиќ предупредува дека со зголемувањето на прагот за готовинско плаќање од досегашните 500 на 3.000 евра ќе се зголеми сивата економија.

Јовановиќ тврди дека додека тој и екс министерот Драган Тевдовски биле во министерството за финансии, драстично се намалила сивата економија, пред се, поради лимитираната можност во кеш да се плаќа до 500 евра. И дека тоа според него претставувало една од најсериозните мерки за сузбивање на сивата економија.

„Така што со оваа мерка што се направи од почетокот на новата година дефинитивно ќе ја зголеми сивата економија. Со тоа министерката за финансии оди контра од она што декларативно го истакнуваше цело време, дека се бори за намалување  на сивата економија.

Не, таа не се бори за тоа, таа само се бори за интересите на компаниите“, вели Јовановиќ за Алсат М.

Најчесто барањето за подигнување на прагот доаѓал од компании чии услуги и производи чинат токму од 500 и до над 3000 евра. Сега, Јовановиќ вели дека на тие компании им е овозможено прометот да не го евидентираат и парите да не им бидат оданочени.

SHARE