Јовески и Русковска директно го (де)блокираат датумот за ЕУ -пишува Горан Момироски

Земјите членки во следните 2 недели ќе завземат став за Македонските ЕУ интеграции со нова реалност, случајот Рекет, инволвираноста на Катица Јанева и индиции за вклученост и на политички и други функционери од владата.

За процесот на утврдување на нашата европска иднина деновиве пресудна ќе биде транспарентноста и темпото на истрагата од која ќе зависи и одлуката за датумот за отпочнување на преговори за ЕУ.

Сепак случајот Рекет е и шанса, Македонија да добие датум со наметнување на силен мониторинг и скрининг со отварање на 23 и 24 поглавје за што се залагааат одредени бирократи во Брисел, Париз и Берлин.

Сега се е во рацете на Љубомир Јовески и Вилма Русковска и начинот на кој ја водат истрагата.

Тој начин во кој обвинител по 40 дена на првоосомничен во притвор не го кани да даде исказ, досега доведе секој граѓанин да стане истражител.

Македонците покажаа изразена јавна недоверба кон обвинителството и секојдневно сме сведоци дека секој граѓанин сам си води самостојна истрага и си носи заклучоци за случајот рекет.

Наместо обвинителството да ги насочи сите капацитети на УЈП кон откривање на несразмерно зголемување на имот на политичарите и други владини функционери кои имале комуникација работа со Боки 13, тие се занимаваат со единствената опозициона ТВ која критички известува за корупциските скандали кои ја рушат Македонската влада.

П.С.

Пред малку имав интервју со министерот Дамјан Манчевски кој ќе се емитува на ТВ Алфа и иако разговорот беше релативно оштар сепак добив надеж дека сепак има шанса да излеземе од фекалиите во кои тонеме со години.

SHARE