Јовески вели дека писмата на Јанева од притвор се легитимни

Писмата на Катица Јанева имаат различни датуми и немаат печати, но се легитимни, зашто се така сочинети, вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, за Пресинг Тв,

Јовески вели дека не можело да имаат печат, бидејќи Јанева се наоѓа во притвор.

Според Јовески, секое лице во притвор може да комуницира со кого сака, а во случајот коресподенцијата на Јанева со СЈО и ОЈО се одвивала преку судија на истражна постапка.

SHARE