Јовевски можеби ќе ги повика Јанева и Стафанова на распит

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека не ја исклучува можноста обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова да бидат сослушани или повикани на распит и нагласи  дека обвинителството постапува неселктивно.

„Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова. Редослед Обвинителството заради доверливоста не соопштува однапред. Уште еднаш истакнувам дека обвинителството постапува  неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан или испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука“, вели Јовевски за „Телма“.

Јовески, Јанева како и главната обвинителка Вилма Русковска се надвор од земјата.

SHARE