Каде е Вилма Русковска, земала ли боледување?

Обвинителката надлежна за организиран криминал ја немаше ниту вчера на судењето на Рекет ниту пак денеска се појавува во јавноста а новинари кои комуницираат редовно со неа тврдат дека не одговара на телефонски повици со прашања за актуелни и затворени случаи од нејзина надлежност.

Нејзини соработници во обвинителството неофицијално велат дека таа може и без објаснување да не се појавува во јавноста и на работа поради природата на нејзината сложена работна позиција.

Други пак тврдат дека Русковска која пред два дена од Ла Верита беше посочена како обвинител што по долго време отгрила чиста кривична пријава против Струмичката група на Заев има здравствени проблеми поради кои вчера не се појавила на работа.

Дали се работи за обична настинка или можеби силниот стрес од објавата на Ла Верита влијаел на здравјето и состојбата на Русковска ќе треба да каже самата обвинителка која има обврска согласно јавниот интерес да каже што се случува со неа и зошто не се појавува на најважното судење кое го водела.