Каде „исчезна“ основачот на „Алибаба“!?

Кинескиот милијардер Џек Ма не се појавил во јавност во изминатите неколку недели откако го критикуваше кинескиот државен финансиски систем и се залагаше за реформи, што доведе до шпекулации во медиумите дали тој исчезнал, пишува Индепендент.

.Џек Ма, кој е основач на платформата за е-трговија, Алибаба, не твитнал ништо скоро три месеци, од неговото последно објавување на 10 октомври минатата година.

Неодамна не успеа да се појави во последната епизода на „Африкански деловни херои“, талент шоу на Фондацијата Џек Ма, во кое на 10 африкански претприемачи кои се појавуваат, им се доделува грант од 1,5 милиони долари за остварување на нивните идеи.

SHARE