Каде исчезнаа првачињата?

Драматично се намалува бројот на запишани ученици во првото одделение, покажува анализата на весникот „Нова Македонија“ според која од родените деца во 2012 кои требало минатиот сепетември да се запишат на училиште недостигаат 1.500 деца.

„На државно ниво во 2018 година како првачиња биле запишани 22.130 деца. Тоа е генерацијата деца што се родени во 2012 година, со оглед на тоа дека во основно училиште се запишуваат деца на шестгодишна возраст. Таа 2012 година, според статистиката, во Македонија биле родени 23.568 деца. Ако се знае дека основното образование е задолжително и дека сите деца треба да бидат запишани на училиште, грубата математика покажува дека од родените деца во 2012 година, 1.483 деца не се запишале како првачиња во 2018 година.

(…)Според познавачите на состојбите, оваа бројка покажува дека овие деца заедно со своите родители се иселени од Македонија и денес основното образование го почнале во некоја од земјите на Западна Европа“.

Овие алармантни податоци ги објавува „Нова Македонија“ во својата анализа на тема: „Каде исчезнаа близу 1.500 првачиња“.

Анализата на следниот ЛИНК

SHARE