Не беа претставени докази за вмешаноста на Русија по прашањето за промената на името на Македонија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 55-та Конференција за безбедност во Минхен, соопшти ТАСС.

„Бевме обвинети дека се мешаме во проблемот со промената на името на Македонија, но не ни претставија никакви докази”, истакна тој.

Односите меѓу Русија и Западот ги имаа сите шанси за успех, коментираше рускиот министер за надворешни работи.

„Од крајот на Студената војна, овие благородни намери (да се развијат односи со Русија) ги имаа сите шанси за успешна реализација, но за жал, тие останаа само добронамерни желби”, рече министерот. “Изборот беше направен во корист на „натоцентризмот “и логиката „водечки-подредени“, рече уште дипломатот.

SHARE