Каде завршија парите, оние 1,5 милион евра во торба што бизнисменот Орце Камчев им ги дал на Боки 13 и на Зоки Кичеец.

„Вештачењето на телефоните кои ги користеле осомничените не е завршено, но според експерти, не е тешко да се открие маршрутата на осомничените откако заминале со торбата со пари.

Со оглед дека оштетениот дал видео и аудио докази на кој датум и во колку часот се случило предавањето на парите, базните станици на телефонските оператори чии услуги ги користеле осомничените можат да го откријат нивното движење тој ден – почнувајќи од првата адреса на која стигнале со торбата, но и другите локации на кои престојувале потоа, заедно или одвоено.

Во интерес на истрагата од Обвинителството засега не соопштуваат детали дали веќе имаат обезбедено докази со кои може да сколпат коцките од мозаикот“ пишува „Дојче веле“.