Каевски: Нема потреба од нов владин авион

Владиниот „лирџет“ е безбедносно сигурен и нема причина да се купува нов ВИП-воздухоплов вели поранешниот искусен пилот, Кирил Каевски, пренесува „Фактор“.

„Единствено има логика да се купува доколку е потребен поголем простор затоа што во наредниот период се најавени интензивни посети на наши делегации поради интеграциите во НАТО и ЕУ“, изјави Каевски.

Томислав Тунтев, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство за „Независен“ вели дека Владата размислувала да се купи нов кој би чинел помеѓу 15 и 20 милиони евра.

SHARE