„Во јануари, Скопје и Атина го финализираа речиси тридеценискиот спор околу “македонското прашање за името”.

Македонците беа доведени во ситуација да им веруваат на европските дипломати, дека ако ја голтнат ова горка пилула – промена на името на нивната земја – ќе значи забрзан пат до Е.У. и членство во НАТО.

Второто е речиси сигурно, но дури и идејата за членство  во ЕУ – голема награда за повеќето обични луѓе во регионот – се повеќе е малку веројатна.

Или поедноставно, ЕУ лажеше, а владите и народите во регионот блескаа“, пишува во коментар за „Вашингтион пост“, Јасмин Мујановиќ, политички аналитичар и специјалист за Југоисточна Европа.

Мујановиќ вели дека  како што се доближуваа изборите за Европскиот парламент, проширувањето исчезна од агендата на земјите членки на ЕУ. Во 2018 година, Европската комисија ја нафрли идејата за 2025 година како следниот најрант датум за нов круг на проширување.

Но, во Париз Емануел Макрон е експлицитен: нема да има проширување, барем не во догледна иднина. Дури и во Берлин, идејата за понатамошно ЕУ експанзијата стана политички токсична,

Мујановиќ во коментарот нагласува дека „… ветувањето за ‘европска перспектива’ беше интегрален дел од стратегијата на Брисел за задржување на Западен Балкан на патот на политичките и економските реформи и задржување на нејзините геополитички ривали – Русија, Кина, Турција и монархиите од Персискиот Залив– на брегот.

Земјите членки, како што е Франција, истакнуваат дека регионот едноставно не е подготвен за членство во главниот политички и економски блок во светот. Но, ова не е нова информација, пишува Мујановиќ.

SHARE