Како „легално“ се гради во Струга: „Се договоривме со Рамиз“

Повеќето од тие што градат околу езерото и не само таму, ги кажуваат истите зборови – „Се договоривме со Рамиз“, реагира партијата на Зијадин Села на изјавата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека баш му е гајле за реакциите на невладините и на јавноста за нелегалните објекти.

„На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму. За жал, институциите стануваат алатка на криминал и криминалци како Рамиз. Уште еднаш ги покануваме полицијата, обвинителството, судот, владата, да преземат мерки сѐ додека не стане предоцна. Нашето богатство се уништува и узурпира, додека организираниот криминал цвета на секој агол на Струга“ велат од Алијансата за Албанците.

SHARE