Снимката е од пред речиси две години, но и денес буди позитивни емоции поради македонскиот печат врз италијански медал на Светско првенство во ритмичка гимнастика.

Го освои Александра Аџурџукулезе од Италија, претходно репрезентативка на родната Романија, која се закити со бронза во дисциплината топка поединечно на мундијалот одржан во септември 2018 година во Софија.

Притоа како музички избор таа се определи за песната „Зајди, зајди јасно сонце“ на доајенот на македонската народна песна Александар Сариевски, а во изведба на босанската пејачка Амира Медуњанин!

Тоа беше историски медал за Италија, прв во поединечна конкуренција на планетарните шампионати по 27 години.

SHARE