Како Македонија во Виена загубила 1% од ГАМА а сега и 33 милиони евра (ВИДЕО)

На 05.11.2019 година во Виена, вицепремиерот и уште еден висок претставник на Владата потпишуваат спогодба со која државата и Макпетрол имаат 50/50 удел во ГА-МА, иако сите договори претходно (од 1995) наведуваат дека уделот е 51/49 во корист на државата. Веќе во декември Владата уплатува 32.5 милиони евра на посебна сметка! И покрај се останато, оваа акробација ги чини македонските граѓани додатни 960 000 евра камата.

Ова информација ја открива екс заменичката министерка за финансии од опозицијата Гордана Димитриевска Кочовска во интервју на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.

Двајцата функционери според ТВ Телма се екс вицепремиерот Анѓушев и министерот за економија Бектеши кои под засега непознати причини и услови договориле државата да загуби 1 % од своите 51 % и со тоа двете страни да имаат по 50 %.

Оваа промена во сопственичката структура на ГАМА драматично ги подобрила позициите на Макпетрол кон владата која донесе закон со кој Макпетрол доби речиси колку вкупниот основачки капитал на фирмата.

Видеото на линкот

https://www.facebook.com/watch/?v=448635139493333

SHARE