Како се тестира во Ковид-19 центарот на „Аџибадем Систина“ (ВИДЕО)

Екипата на Инфомакс ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид-19 во приватната клиника „Аџибадем Систина“.

„За време на посетата имав шанса да разговарам со молекуралниот биолог и шеф на центарот на одделот за тестирање Среќко Рајовски, но имав и шанса и самиот да се тестирам за приуство на коронавирусот.

Како што е процедурата најпрво се јавив за да закажам тестирање, по што ми беше направена кратка епидемиолошка анкета, а тестирањето ми беше закажано веднаш за наредниот ден. Кога пристигнав бев пречекан од обезбедувањето на болницата кој ми постави прашање дали имам закажано тестирање и веднаш потоа бев спроведен во административниот дел каде пополнив уште една кратка епидемиолошка анкета, ја приложив својата лична карта по што заминав на тестирање.

Внатре во целосна заштитна опрема ме пречека медицинска сестра која ми зема брис од носот, но и примерок од крвта бидејќи ми беа извршени два типа на тест серолошки и ПЦР тест. За среќа мојот тест е негативен”, открива новинарот на инфомакс.мк.

Во разговорот со Рајовски тој открива како пандемијата влијаеше на работата на болницата, како се промениле протоколите за работа. Тој истакна дека во болницата се извршуваат три типа на тестови кои што се препорачуваат во зависност од состојбата во која се наоѓа пациентот.

Рајовски посочува дека уште од самиот старт болницата ги има ставено сите капацитети на располагање на граѓаните на Република Македонија се со цел спречување на натамошното ширење на заразата.

Во однос на решението на корона кризата во Македонија, излезот Рајовски го гледа во масовниот скрининг на населението по примерот на Исланд и други Европски држави. Тој потенцираше дека уште од самиот почеток болницата Аџибадем Систина апелира дека масовното тестирање е единствен начин да се победи заразата пред се поради асимтоматските случаи.

извор: Инфомакс.мк

„Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина

„Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Posted by infomax.mk on Saturday, 6 June 2020

SHARE