Каков апарат е најден во подарениот мебел во домот на Катица Јанева?

Извори во истрагата за случајот Рекет неофицијално тврдат дека во едно парче од мебелот кој денеска е конфискуван од домот на Катица Јанева е пронајден минијатурен апарат кој допрва ќе се вештачи.

Според изворите се работи за прислушен уред преку кој некој ги следел разговорите што ги водела Јанева во својот дом но и нејзините телефонски разговори што ги водела од фиксен и мобилниот телефон.

Денеска обвинителството наложи конфискација на мебел добиен како подарок од сопственик на фирма која е близок роднина на инволвиран во случај кој го води СЈО односно Катица Јанева.

Според информациите уредот кој допрва ќе се вештачи бил ставен во подарокот мебел пред да и биде предаден на Јанева.

SHARE