Професорот Гордан Калајџиев влезе во дуел на ТВ Телма со пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева, при што во еден момент ја обвини нејзината партија дека ги излажала припадниците на Шарена револуција, кои ѝ помогнаа да дојде на власт.

„Јас сум граѓански активист и сум незадоволен како припадник на Шарена револуција од тоа што го испорачавте. Нè излажавте. Ни ветивте реформи, нова страница“, ѝ реплицира професорот по кривично право на пратеничката на владеачката партија.

SHARE