Калајџиев: Јовевски најдобро е да си оди во пензија

„Јовевски си има отворени услови за пензија и најдобро е да си оди во пензија. Нема лидерски капацитети, ова е работа која што бара многу енергија и многу одлучност, не одат за џабе луѓето во пензија кога ќе клапнат“.

Ова го изјави професорот Гордан Калајџиев во вечерашното гостување на „Телма“ одговарајќи на прашањето дали јавниот обвинител Јовевски треба да излезе во јавноста и конечно да објасни што презел а што пренел како надлежност на постојните обвинители од предметите на СЈО.

Професорот Калајџиев во своето гостување додаде од СЈО останале многу нерешени проблеми, но и останале еден куп нерешени проблеми и во обвинителството.

SHARE